Евроинтеграции

Гир: Ако не го смените Уставот, процесот запира тука

31.07.2022 14:22

Согласно направениот договор, преговорите се отворени и скринингот започна. Наредна меѓувладина конференција зависи од билатералниот договор меѓу двете засегнати земји, посочи Гир.

Ако не ги направите уставните измени веројатно преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Радио Слободна Европа.

Појаснува- согласно направениот договор, преговорите се отворени и скринингот започна. Наредна меѓувладина конференција зависи од билатералниот договор меѓу двете засегнати земји, посочи Гир.

Евроамбасадорот не сака да даде коментар за евентуален референдум.