Македонија

Почна кампањата за избор на нов Совет на Општина Тетово

31.07.2022 17:03

Од Општинската изборна комисија велат дека се подготвени целиот изборен процес да помине во мирна фер и демократска атмосфера. Изборите, велат, ќе бидат успешни, оти за нив не треба да се исполни никаков цензус, а секоја незаконитост, ќе биде строго контролирана и санкционирана.

Политичките партии ја започнаа кампањата за избор за нов Совет на Општина Тетово, по само десет месеци од одржувањето на локалните избори во Македонија. Интересот за советничките места голем. Ќе се натпреваруваат 11 политички партии и две независни листи.

Од Општинската изборна комисија велат дека се подготвени целиот изборен процес да помине во мирна фер и демократска атмосфера. Изборите, велат, ќе бидат успешни, оти за нив не треба да се исполни никаков цензус, а секоја незаконитост, ќе биде строго контролирана и санкционирана.

Кампањата ќе трае 19 дена, а изборите ќе се одржат на 20-ти август во сабота.

Советот на Општина Тетово се распушти по само шест месеци работа, оти советниците не успеаја да ја изгласаат завршната сметка на буџетот, во законски предвидениот рок.