Еден век постоење на ФК Беласица

31.07.2022 18:21

За Македонија клубот е значаен затоа што беше супстрат на фудбалскиот талент во тие краишта, од коишто потекнаа неколку прославени фудбалски имиња во различни генерации. Благој Истатов беше легендарен голман не само во градот, Васил Рингов инспирација за многумина да го сакаат фудбалот, а Горан Пандев е наш најдобар фудбалер на 21-от век.

Англиските војнички чизми, коишто ја газеле Македонија на солунскиот фронт во Првата светска војна, го донеле фудбалот во нашите краишта, па љубовта кон играта во тој период во Струмица придонесува група ентузијасти  да го формираат Фудбалскиот клуб Беласица, на денешен ден пред 100 години.

За Македонија клубот е значаен затоа што беше супстрат на фудбалскиот талент во тие краишта, од коишто потекнаа неколку прославени фудбалски имиња во различни генерации. Благој Истатов беше легендарен голман не само во градот, Васил Рингов инспирација за многумина да го сакаат фудбалот, а Горан Пандев е наш најдобар фудбалер на 21-от век. 

Од првиот натпревар со скопска Победа која потоа се влева во ФК Вардар и триумфот со 1-0, Беласица не освои пехар, но играше во втората југословенска лига, на почетокот на овој милениум настапи и во Европа, а нејзиниот двомеч со Лејшоеш од Португалија ќе остане во аналите на струмичкиот спорт. Затоа денешниот ден не е значаен само за Струмица, туку за целиот македонски фудбал. 100 години не се малку, но не треба да бидат во контекст на фразата „едно видување – еден век“. „Видувањата“ за ФК Беласица нека бидат почести!