Се обновува возниот парк на транспортерите во Македонија
Новите странски инвестиции носат нови зделки. Сите бараат превоз со најмалку ЕУРО четири стандарди...

Со повеке од 2200 ЕУРО 5 и над 110 ЕУРО 6 се обновува возниот парк на транспортерите во Македонија. По примерот на Европските земји се бара решение за намалување на трошоците за набавка на овие возила што помалку ја загадуваат животната средина.
Инфраструктурата се подобрува, бројот на ЦЕМТ се зголемува. Ако падне договор за субвенционирање, ќе се надмине проблемот со ниските еколошки стандарди – со возилата загадувачи.
„Сите превозници кои возат надвор од државата по една година имаат право да поднесат барање од Агенцијата за патиштата да им се врати надоместокот платен за патишатата, така што има можност трошоците што ги даваме за регистрација да се намалат и до 50 проценти“, вели Билјана Муратовска од здружението МАКАМТРАНС.
Новите странски инвестиции носат нови зделки. Сите бараат превоз со најмалку ЕУРО четири стандарди. А камионите од високата класа чинат над 100 илјади евра. И во распределбата на меѓународните дозволи веќе ги нема ЕУРО три стандардите. Од МАКАМТРАНС повлекоа иницијатива да се забрани и регистрација на товарните возила кои се експлоатирани повеке од 25 години.
Сузана Фиданска- Стоевска
