Македонија

Ковачевски го пречека Санчез со највисоки државни почести

31.07.2022 18:29

Со интонирањето на државните химни на Шпанија и на Македонија започна официјалната церемонија за пречек на високите гости на платото пред Владата.

Премиерот Ковачевски со највисоки државни почести го пречека премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, кој денеска пристигна во прва официјална посета на земјава.

Со интонирањето на државните химни на Шпанија и на Македонија започна официјалната церемонија за пречек на високите гости на платото пред Владата.

Премиерот Ковачевски во придружба на владината делегација во состав со првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, му посака срдечно добредојде на неговиот колега од Кралството Шпанија и на членовите на шпанската владина делегација.

Во рамки на официјалната посета премиерот Ковачевски и премиерот Санчез остварија тет-а-тет средба, по што двете делегации имаа и билатерален состанок.