По руско-украинскиот конфликт

Продажбата на земјоделска механизација намалена за 20 до 30 проценти

01.08.2022 14:59

Последнава година продажбата на земјоделска механизација намалена за 20-30 проценти, велат продавачите. Причините ги лоцираат во руско-украинскиот конфликт и отсуството за аплицирање на ИПАРД програмите. Земјоделците велат-проблем е и тоа што вишокот на средства одат во скапите ѓубрива и нафтени деривати па не останува многу за вложување во возниот парк.

Анализите од последниве три години околу обемот на продажбата на земјоделска механизација сосема дијаметрални спротивности. Ако во првите години од ковид-кризата продажбата на земјоделска механизација беше на завидно ниво последнава година продажбата на ваква механизација бележи пад за 20 до 30 проценти, а кај вештачките ѓубрива многу поголема, велат продавачите.

Освен во руско-украинскиот воен конфликт и затворањето на некои пазари, причините за ваквите спротивности ги гледаат и во други параметри. Во периодот на екот на ковид-пандемијата стимулативно делуваше и тоа што се поклопија неколку владини програми за обновување на земјоделската механизација и ИПАРД програми за млад земјоделец. Последнава година посебно доцнат фазите на апликација на ИПАРД фондовите што создава несигурност кај земјоделците.

Земјоделците ги делат ваквите ставови. Додаваат дека една од главните причини е и нивната намалена куповна моќ.

Земјоделците велат дека засега старосната граница на возниот парк не е алармантна, но мора да се работи на земјоделците во вистинско време да им бидат достапни стимулативните програми.

Стевче Митревски