ДИК: Единствена нерегуларност на изборите искршената кутија во Кривогаштани
Според изборниот календар на 17– ти треба да се затвори избирачкиот список за парламентарните избори...

Според ДИК единствената нерегуларност на изборниот ден била искршената гласачка кутија во Кривогаштани. Иако гласањето било прекинато, прегласување ќе нема, информираше првиот човек на комисијата, Никола Рилкоски. Од членот на ДИК, Влатко Сајковски, пак, потсетување на казната за непочитувањето на правилата.
„Бројот на гласовите што ги има на ова гласачко место не влијаат на резултатот на изборите“, смета Рилкоски.
„Оние коишто ќе се обидат на ваков начин да го попречат изборниот процес, ќе се соочат со казна затвор од најмалку три години“, додава Сајковски.
Според изборниот календар на 17– ти треба да се затвори избирачкиот список за парламентарните избори. Управниот суд ги отфрли тужбите на ДУИ и СДСМ со што 637 лица од Тирана, Корча и Пустец, остануваат на избирачкиот список за изборот на тројцата пратеници од дијаспората. Пријавени се околу 24.000 за гласање, а споредено со пријавените за претседателските избори, интересот е речиси за трипати поголем.
Виолета Димовска
