Регион
Бугарија: Парламентарни избори на втори октомври
01.08.2022 16:07
Претседателот Радев го назначи поранешниот министер за труд Галаб Донев да ја предводи преодната влада, бидејќи земјата се соочува со зголемена инфлација, сомневања за снабдување со гас и други влијанија од војната во Украина.

На втори октомври нови парламентарни избори во Бугарија, четврти по ред во помалку од две години.
Претседателот Радев го назначи поранешниот министер за труд Галаб Донев да ја предводи преодната влада, бидејќи земјата се соочува со зголемена инфлација, сомневања за снабдување со гас и други влијанија од војната во Украина.
Кабинетот ќе работи од 2 август до формирањето на новата влада.
Претходната предводена од реформистичкиот премиер Кирил Петков се распадна минатиот месец.
