Македонија

Сообраќајни несреќи на патните правци Гостивар- Тетово и Маврово- Дебар

01.08.2022 21:37

Загинаа три лица во автомобил што падна во реката Радика. Возилото било со германски регистарски таблички

Тешка сообраќајна несреќа се случи  на патниот правец Гостивар-Тетово, кај клучката кај Камењане. Сообраќајот беше во прекин, како и кај Стрезимирски мост на патот Маврово-Дебар.

Во тамошната сообраќајна несреќа загинаа три лица во автомобил што падна во реката Радика. Возилото било со германски регистарски таблички.

Екипи на СВР Тетово се на местото на настанот. Увид врши јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар.