Празник

Ковачевски: Илинден е и ќе биде нашата сила за светла, европска иднина

01.08.2022 22:19

Со химната „Денес над Македонија се раѓа“, отворена манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“. Во Крушево, пред Македониумот говореше премиерот Димитар Ковачевски, кој порача дека мораме да живееме во сегашноста поради иднината на нашите генерациии. Тоа е новото поглавје на македонската историја, рече премиерот...

Во предвечерието на големиот национален празник 2-ри Август, Илинден и Денот на Републиката, премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше и се обрати на отворањето на традиционалната манифестација, Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“, која од 1-ви до 10-ти август се одржува секоја година во Крушево.

Манифестацијата ја илустрира нашата богата култура, отсликувајќи и пренесувајќи го историското наследство на градот, истовремено изразувајќи го мултиетничкиот живот и заедништвото на различностите, на граѓаните кои тука живеат.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски упати пораки за просперитет, подобра иднина и напредок за сите граѓани во државата.