Македонија

Ковачевски: Илинден е нашата сила за иднината!

02.08.2022 09:14

„Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината!“, порача претседателот на Владата...

„Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината!“, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во честитката по повод големиот празник Илинден.

„Нека ни е честит и долговечен Илинден - Денот на Републиката. Да го празнуваме во слога и обединетост. Денеска ги чествуваме двата Илиндена 1903 и 1944 година, темели на македонската држава, македонскиот јазик и идентитет и изразуваме вечна благодарност кон илинденците и асномците за нивната заложба и визија за современа, суверена, независна, модерна држава. Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината!“, стои во фејсбук објавата на премиерот Ковачевски.