Прекршочна за Канал 5 од Агенцијата за медиуми

15.04.2014 16:57

Првиот човек на агенцијата смета дека станува збор за ненамерна, човечка грешка, но Агенцијата ќе постапи според правилата...

Aгенцијата за медиуми ќе поднесе прекршочна пријава против Канал 5 телевизија поради тоа што емитувала анкета во период кога тоа согласно изборниот законик не е дозволено.

Првиот човек на агенцијата смета дека станува збор за ненамерна, човечка грешка, но Агенцијата ќе постапи според правилата. За Зоран Трајчевски е неразбирливо зошто набљудувачите на ОБСЕ/ ОДИХР во првичниот извештај како недоследност не ја регистрирале, и како што ја нарече, лажната анкета со која една политичка партија се обиде да влијае на изборниот резултат.

„Со оглед на тоа што во извештајот на ОБСЕ се занимавале со многу големи проценти за известување на медиумите, а за жал за медиумите кои ги посочуваат дека известувале согласно Изборниот законик воопшто не се наведени никакви констатации и бројки“,  вели Зоран Трајчевски.

За дел од приговорите Агенцијата се прогласи за ненадлежна.

Исто така, во ДИК ја префрли топката и за укажувањата дека одреден број политички субјекти го прекршиле изборниот молк.

 

Лидија Чакар