БРИКС ќе формира сопствен монетрарен фонд и развојна банка

15.04.2014 17:49

Како што пренесува „Руска реч“, Вадим Луков претставник на руското МНР потврдил дека Бразил веќе го има подготвено нацрт-статутот на Развојната банка на „БРИКС“, а Русија ги подготвува меѓународните договори за нејзино основање.

Земјите на БРИКС веќе го имаат предвидено основниот капитал, кој ќе изнесува по 100 милијарди долари за секоја од институциите. Заедничките девизни резерви како замена на ММФ и Светска банка ќе профункционираат во 2015 година.

Во тек се преговорите за локацијата на главната канцеларија, но и  помеѓу партнерите за учеството на почетниот капитал кој би изнесувал околу 50 милијарди долари, потенцирал Луков.

Количината на средствата е сразмерна со националната економија.

Бразил, Индија и Русија би вложиле по 18 милијарди долари, а Јужноафричката Република 5 милијарди долари а се претпосатвува дека Кина во заедничките девизни резерви ќе вложи 41 милијарда долари.

Развојаната банка ќе биде формирана како алтернативна на Светска банка, со што би се кредитирале проекти кои не се од интерес на САД и ЕУ, туку на земјите на БРИКС.

„Станува збор за политички потег, кој може да ја зајакне позицијата на земјите од БРИКС, чии ставови многу често се маргинализирани од страна на американските и европските колеги. Како што овој сојуз ќе станува се постабилен, ќе може полесно да се штитат интересите на членките“, изјавува Наталија Самојлова раководител на Оделението за аналитика на инвестициската компанија „ Голден хилс-Капитал“.

Во случај да некоја од земјите да доживее финансиски потешкотии и дефицит во Буџетот, заедничките девизни резерви на БРИКС ќе претставуваат еден вид на осигурување и посебен тип на штедење. Заедничките девизни резерви ќе им помогнат на земјите, постепено да воспостават соработка без да посредуваат со долари.