Илинден

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“ заедничка литургија на владици од СПЦ и МПЦ-ОА

02.08.2022 12:24

Денес во манастирот „Св. Прохор Пчински“ празникот Илинден ќе го одбележет и Македонците од Србија, бидејќи 2-ри август е државен празник за македското малцинство во Србија.

Во манастирот „Свети Прохор Пчински“ покрај одбележувањето на празникот Илинден од страна на црковно-државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, утринава за верскиот празник Св. Илија заедничка литургија сослужуваа владици на СПЦ и МПЦ-ОА.

Со заедничката литургија во црквата во манастирот „Св. Прохор Пчински“ чиноначалствуваше  Врањскиот епископ г. Пахомије, а на литургијата сослужуваа Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и епископот Давид од ПОА.

Денес во манастирот „Св. Прохор Пчински“ празникот Илинден ќе го одбележет и Македонците од Србија, бидејќи 2-ри август е државен празник за македското малцинство во Србија.  

Во параклисот на манастирот „Св. Прохор Пчински“ поставена е и спомен плочата за одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2-ри август 1944 година, пред која ќе се одржи и чествувањето на Илинден.

Оливер Бранковиќ