Илинден

Николоски: Очајната власт не го пушти народот што не е за СДСМ да присуствува на Мечкин Камен

02.08.2022 14:22

Не им било дозволено на илјадници граѓани да присуствуваат на прославата, оти не биле на протококоларната листа...

Партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од потпретседателот Александар Николоски, го напушти Мечкин Камен и не присуствуваше на обраќањето на претседателот на Владата, со образложение дека не им било дозволено на илјадници граѓани да присуствуваат на прославата, оти не биле на протококоларната листа на која, според нив очигледно се само членовите на СДСМ.

„СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба. На овој начин уште еднаш покажуваат дека се антидржавна партија и партија кој што нема допир со сопствениот народ и која што бега од народот“- изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.