Губат на патека, губат и на суд
Екипата на Ред Бул очекувано го загуби спорот со ФИА по дисквалификацијата на нивниот возач Рикардо на првата трка во сезоната за ГН на Австралија.

Возачот на Ред Бул во Мелбурн го освои второто место , но подоцна беше дисквалификуван откако беше утврдено дека во болидот не бил користен мерачот на проток на гориво на ФИА, туку Ред Бул користел свој мерач и притоа го пречекориле максимално дозволениот проток од 100 кг/час.
„Ред Бул ја прифаќа одлуката на интернационалниот суд.Секако, разочарани сме со исходот бидејќи мислевме дека имаме силен случај и дека работиме во склад со техничките регулативи. Сега комплетно се посветуваме на претстојната трка за ГН на Кина“-се вели во официјалното соопштение на Ред Бул.
И покрај барањето на претставници на Мерцедес, Ред Бул да биде и дополнително санкциониран, тоа не се случи.
