Празник
По 18 години чествување на Илинден во „Св. Прохор Пчински“
02.08.2022 15:16
По 18 години, државно- црковна делегација предводена од претседателот Пендаровски за Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде што е одржано првото заседание на АСНОМ. Поставена спомен плоча. Пендаровски очекува зацврстеното пријателство со соседот да овозможи чествување и во иднина...

По осумнаесет години, македонска делегација предводена од шефот на држвата Стево Пендаровски учествува на одбележувањето на Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде што е одржано првото заседание на АСНОМ. Македонската и Српската Православна црква со заедничка литургија го одбележаа Илинден во манастирот.
Марија Котовска известува од манастирот „Св. Прохор Пчински“
