Македонија

Крушево светнува за Илинден и се „бори“ со секојдневието

02.08.2022 16:18

Крушево за Илинден и овојпат полно со гости и посетители. За младите и возрасните - убаво е да се биде во историско Крушево за празникот. Потомците на илинденците задоволни од почитта што ја добиваат, ама ги влечат старите болки. Граѓаните сакаат да не се заборават илинденските придобивки кои треба да нè сплотат, а не разединат...

Со посетители, гости, во празнична атмосфера, Крушево е гордо на големиот Илинден. Гостите, некои првпат, други традиционално, сакаат за празникот да бидат во историско Крушево.

Крушевчани, и посетителите на Мечкин Камен имаат пораки - да не се заборават илинденците и скапо платените придобивки, а секојдневието мора да се направи пристојно за живеење.

Внуците на Никола Карев, претседателот на Крушевската република, го актуелизираат прашањето кое до денес им прави болка, иако велат, се почитувани од сите.

Крушевчани бараат Илинден да сплотува, а не да разединува.

 

Елизабета Митреска