МВР

59 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

03.08.2022 08:53

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 59 возачи.

Од нив, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, соопштуваат од МВР.