Куманово пак не успеа во Гевгелија
Кожув го совлада Куманово со 83-79 и направи значаен чекор кон остварување на желбите за пласман во разигрувањето за титулата во македонскиот кошаркарски шампионат.

Во првиот натпревар од четвртото коло во Супер лигата, во салата „25 Април“, домашната екипа постојано имаше контрола на резултатот, иако пред крајот кумановци собраа сили да го направат натпреварот неизвесен. Сепак, и покрај тоа, не успеаја да стигнат до втората победа во оваа фаза од првенството. Кожув, пак, има три победи во четири средби.
Мијајловиќ и Штерјов со по 20 коша беа најефикасни кај гевгелискиот состав, Чупковиќ даде 13, а двоцифрен беше и Пековиќ со 11 поени. Кај Куманово доминираше Урош Луковиќ со 41 кош, меѓутоа и тоа не беше доволно неговиот тим да оствари успех.
Во четвртото коло, утре Работнички ќе се сретне со Лирија, а шампионот МЗТ Скопје Аеродром е апсолутен фаворит на паркетот на Струмица.
***
Кошаркарско првенство, Супер лига, 4.коло
Кожув – Куманово 83-79
Утре:
Работнички – Лирија
Струмица – МЗТ Скопје Аеродром
***
Табела:
1.МЗТ Скопје А. 3-0 (-1)
2.Кожув 3-1
3.Лирија 2-1 (-1)
4.Работнички 1-2 (-1)
5.Куманово 1-3
6.Струмица 0-6 (-1)
