УКРАИНА
Првиот товарен брод со украинско жито го мина Црно Море
03.08.2022 09:29
Минатиот месец Москва и Киев со посредство на Обединетите нации потпишаа договор за деблокада на украинскиот земјоделски извоз и ублажување на глобалната криза со храна. Се проценува дека од почетокот на војната на пристаништата се заглавени 20 милиони тони жито...

Првиот товарен брод со украинско жито безбедно го мина Црно Море и се закотви крај Истанбул пред да продолжи да плови кон Либан.
Минатиот месец Москва и Киев со посредство на Обединетите нации потпишаа договор за деблокада на украинскиот земјоделски извоз и ублажување на глобалната криза со храна. Се проценува дека од почетокот на војната на пристаништата се заглавени 20 милиони тони жито.
Бродот „Разони“ пред два дена тргна од Одеса и транспортира над 26 илјади тони пченка.
