ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

700 мигранти влегле во Велика Британија

03.08.2022 09:38

700 мигранти влегле во Велика Британија преку Ла Манш во еден ден, што се смета за рекорд годинава. Со последната група, вкупниот број мигранти кои пристигнале во Британија преку Каналот надмина 17 илјади...

700 мигранти влегле во Велика Британија преку Ла Манш во еден ден, што се смета за рекорд годинава.

Иако француските власти запреле еден од четирите чамци, владата на Париз е обвинета што не ја исполнила моралната обврска да ги заштити ранливите лица и да ги спречи трговците со луѓе.

Со последната група, вкупниот број мигранти кои пристигнале во Британија преку Каналот надмина 17 илјади.