Канзас гласаше против укинување на правото на абортус
Граѓаните на американската сојузна држава Канзас на референдум се изјаснија против обидот за укинување на уставната заштита на правото на абортус.Жителите гласаа за амандманот поврзан со пресудата од 2019 година, со која се гарантира правото на абортус до 22-та недела од бременоста...

Граѓаните на американската сојузна држава Канзас на референдум се изјаснија против обидот за укинување на уставната заштита на правото на абортус.
Жителите гласаа за амандманот поврзан со пресудата од 2019 година, со која се гарантира правото на абортус до 22-та недела од бременоста. Ова е првото изјаснување на населението откако Врховниот суд ја отфрли пресудата од предметот „Роу против Вејд“.
Референдуми се најавени и во Кентаки, Калифорнија, Вермонт, и во Мичиген.
