Пендаровски на средба со драчевчани
Претседателскиот кандидат на опозциската коалиција предводена од социјал демократскиот сојуз стево пендаровски на средби со граѓаните во Драчево.

Ги повика помасовно да излезат во вториот изборен круг. Пред драчевчани рече дека крајниот резултат од првиот круг, според него, не бил реален. Вели дека е задоволен од постигнатото иако можело и подобро.
Негиовиот концептот вели е да се обрати на секој граѓанин без разлика на етничката верската и политичката припадност. Би сакал за него да гласаат сите и ако тврди дека нема намера да разговара со било која политичка партија за пренос на гласови. Тврди дека ќе застане во одбрана на сите граѓани, ќе ги претставува нивните интереси, а ќе биде и нивни адвокат. Поделбите, вели Пендаровски, не се добри.Смета дека меѓуетничките односи се клучната оска на која почива стабилноста во секое мултиетничко општество.
Стево Пендаровски смета дека Уставот треба да се почитува а слободите и правата се исклучително значаен сегмент. Во една држава, според него мора да владеат правото и демократијата, правосудството, полицијата и сите институции на власта мора да ја гарантираат правната сигурност за луѓето и за правните субјекти. Пендаровски тврди дека ќе се залага за демократски вредности, човечко достоинство граѓански слободи. Дека активно ќе учествува во остварувањето на стратешките цели на земјава а тие се интегрирање на македоија во ЕУ и НАТО. Според најавите, Пендаровски во предизборната кампања за вториот круг од претседателските избори на митинзите ќе настапува со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.Претходно Пендаровски митинзите ги одржуваше сам без раководството на опозицијата.
