Продолжува руската офанзивата во Украина
Руските оружени сили ја продолжуваат офанзивата во Украина. Тимот инспектори го проверуваат првиот брод што превезува житарици. Состојбата со нуклеарната електрана запорожје е нестабилна, предупредува Рафаел Гроси,генералниот директор на меѓународната агенција за атомска енергија...

На фронтот борба во Луганск и Доњецк. Руските оружени сили ја продолжуваат офанзивата во Украина. Експлозии во Миколаев и Херсон. Руското министерство за одбрана соопшти дека руската војска уништила шест ракетни системи-химарс, во регионот на Харков загинале околу 500 украински војници.
„Ситуацијата на бојното поле во источниот регион Донбас е „пекол“, и покрај испораката на американските ракетни инсталации“, вели претседателот Зеленски и дополнува, „силите на Киев не се во можност да ја надвладеат руската предност во тешко оружје и жива сила“.
„Нерамнотежата „многу се чувствува во борбите, особено во Донбас“. „таму е пекол. Не може ни да се опише со зборови“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Најголемата европска нуклеарна централа во Украина, запорожје е „целосно вон контрола“ и Русија и Украина мора итно да дозволат експерти да го посетат комплексот за да се стабилизира ситуацијата и да се избегне катастрофата – предупредува генералниот директор на меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси.
„Во нуклеарката е прекршен секој принцип на атомска безбедност. Она што е во прашање е крајно сериозно и опасно. Има парадоксална ситуација, централата е контролирана од Русија, но нејзиниот украински персонал продолжува да ги води нуклеарните операции, што доведува до неизбежни тензии и конфликти“, изјави Рафаел Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија.
На Босфор пристигна првата пратка на украински житарки . Комисија составена од турски, руски, украински и претставници на обединетите нации го проверуваат товарот, поради опасноста од криумчарење оружје. Бродот треба да продолжи за Либан со 26.000 тони пченка. Разони, кој плови под знаме на Сиера Леоне, исплови од Одеса, на југот на Украина во понеделникот.ова е првиот извоз одобрен врз основа на договорот кој Украина и Русија со посредување на Турција и он го потпишаа на 22-ри јули во Истанбул за да се деблокираат украинските пристаништа и да се стабилизира пазарот на храна во земјите во развој.
Наташа Гркова Петрушевска
