„Низ лавиринтот на ромската историја“, изложба во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје
Историската одговорност за прифаќање на вистината владите ретко ја преземаат, беше констатирано од изложбениот перформанс „Низ лавиринтот на ромската историја“ што се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје...

Ноќта помеѓу 2-ри и 3-ти август, 1944 година, во конц-логорот Аушвиц биле убиени 4.300 Роми, а вкупниот број убиени за време на холокаустот е меѓу 200 и половина милион. Историската одговорност за прифаќање на вистината владите ретко ја преземаат, беше констатирано од изложбениот перформанс „Низ лавиринтот на ромската историја“ што се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје.
Холокаустот, ниту почнал, ниту завршил со Втората светска војна, туку е длабоко и историски вкоренет. Катастрофалното наследство сè уште се чувствува, оценија учесниците.
Лекциите од Втората светска војна, за жал, остануваат ненаучени кога станува збор за Ромите, заклучија учесниците. Порачаа – потребно е признавање, сеќавање и комеморација на ромскиот холокауст, за да спречиме повторување на минатото.
Марија Котовска
