Македонија

Проблеми со водоснабдување во Крушево

03.08.2022 15:18

Крушево мака мачи со водоснабдувањето. Состојбата е крајно сериозна. Има повремени рестрикции во градот. Потребно е зафаќање вода од извори кои се во македонски брод. Потребна е согласност од општината, но жителите од блиските села се противат. Крушево бара медијација од државата...

Дали Крушево ќе најде разбирање од соседот, Македонски Брод, за да го реши големиот проблем со водоснабдувањето? Ситуацијата е сериозна, има рестрикции, ама нема дозвола градот да зафати вода од изворите во Македонски Брод.

Проект, пари, околу девет милиона денари и физибилити студија Крушево има четири години. Моли и апелира за разбирање од соседството за да зафати три до четири литри вода во секунда од изворите кај селата Дреново и Сланско.

Кај изворите е одржан состанок со комисија од Транспорт и врски. Од Македонски Брод велат-сакаат да помогнат, ама прво официјално да се измери дарежливоста на изворите, па јавна расправа и средби со 200 жители од селата кои се противат.

Сегашното користење вода од пумпната станица генерира високи сметки за струја, над пет милиона денари и колапс на комуналното претпријатие. Крушево упати апел за медијација и помош од државата.

Елизабета Митреска