Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Валандово

15.04.2014 22:58

Црни сценарија, монтирани случаи против луѓето од власта, лаги и клевети, ова според претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Никола Груевски е новата тактика на СДСМ, што, според него ја смислиле вчера, по, како што рече Груевски, паузата од тешкиот нокдаун кој им го дале гласачите на СДСМ во неделата. Груевски, на митингот во Валандово рече дека на овој начин СДСМ се обидува да го мотивира членството во наредните десетина денови, според него, барем да ги пречекуваат во местата каде што ќе одат.

„Најчесно ќе беше доколку излезеа и му ја честитаат победата на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Горге Иванов во првиот круг од претседателските избори“, рече Груевски. Додаде дека со третиот отчет што го даваат пред граѓаните, ВМРО ДПМНЕ воспоставила нов, различен однос кон народот. Откако го даваме отчетот, излегуваме со издржана сериозна програма на околу 400 страни со 2046 проекти. Според него, разликата од 123 илјади гласа по првиот круг од претседателските избори се знак дека граѓаните знаат да направат разлика.

 Распределивме 16 илјади хектари државно земјоделско земјиште, обезбедивме легализација на земјоделските објекти, исплативме 550 милиони евра субвенци за земјоделците, кофинансиравме набавка на трактори, ја намаливме цената на зелениот картон, обезбедивме полесен увоз на половни возила, рече Груевски.

Вети дека, и во наредните 4 години имаат развојни проекти за земјоделски бизнис, бесплатна магистратура и докторат за најдобрите студенти, кредити за самовработување. Делата се погласни од нашите зборови, тоа го покажаа граѓаните во недаелата, рече кандидатот за претседател Ѓорге Иванов. Економски развиена Македонија, Македонија место каде младите ќе најдат вработување, напредна земјоделска земја се дел од ветувањата на Иванов. Отворање на рудниците Башибоз и Казандол, реновирање на салата  на Домот на културата, нова градинка, реновирање на училита, патишта се само дел од ветувањата кои за Валандово ги даде носителот на кандидатската листа Зоран Ставревски. Коалицијата заподобра Македонија побара силна поддршка на 27 април, победа на Иванов и 62 пратеници за да одговорат, како што рекоа, на уцените од ДУИ.

https://mail.google.com/mail/u/0/images/cleardot.gif

Катерина Давчева