Две шанси за групна фаза за Шкупи, потежок пат за Шкендија

02.08.2022 20:56

Откако не успеа против Динамо Загреб во Лигата на шампионите, Шкупи е прекомандуван во третото квалификациско коло на УЕФА Европа лигата во коешто на 4-ти и на 11-ти овој месец ќе ги одмери силите со Шамрок од Република Ирска.

Во три децении македонски фудбал, само Вардар влезе во групната фаза од европските натпреварувања. Годинава се чини дека првпат од 2017-тата реално може да се надеваме дека наш клуб ќе мине есен играјќи на интернационалната сцена.

Откако не успеа против Динамо Загреб во Лигата на шампионите, Шкупи е прекомандуван во третото квалификациско коло на УЕФА Европа лигата во коешто на 4-ти и на 11-ти овој месец ќе ги одмери силите со Шамрок од Република Ирска. Доколу успеее да оди натаму, според денешната ждрепка, во баражот ќе се сретне со поразениот од двомечот од Лигата на шампионите меѓу Карабах од Азербејџан и Ференцварош од Унгарија. Ако ја продолжи победничката серија, како и Вардар пред пет години ќе биде дел од групната фаза во УЕФА Европа лигата. Во случај да загуби од Ференцварош или од Карабах, ќе оди во групите од УЕФА Конференциската лига. За да стигне до нив, Шкупи ќе има уште една шанса, а тоа е дури и со евентуален пораз од Шамрок. Тогаш ќе оди во баражот за УЕФА Конференциската лига со подобриот од двомечот меѓу Балкани од Косово и КИ Класвик од Фарски острови, а ниту едната, ниту другата екипа не би требало да бидат проблем за македонскиот шампион.

Кај Шкендија целата слика е поедноставна. Тетовскиот тим на 4-ти и на 11-ти овој месец ќе се надмудрува со АИК од Шведска во третото коло од УЕФА Конференциската лига, а доколку го победи, ќе игра во баражот. Денешната ждрепка одреди Шкендија да се сретне со поразениот од пресметката меѓу Фенербахче на Алиоски и чешката екипа Словачко. Тоа е соочување од уефа Европа лигата. Со пораз од АИК, Шкендија ќе заврши со учеството во Европа.