Чурлинов, сепак, не е блиску до Барнли, Талевски во Осиек, Јанков во Јаши

02.08.2022 21:04

Македонскиот репрезентативец се врати од позајмица во Шалке и за Штутгарт даде гол во првиот натпевар сезонава во гермаскиот куп.

Во овој период на фудбалската сезона има и лични дилеми. Дарко Чурлинов доби понуда од Барнли, што не значи дека ќе заигра во англискиот фудбал иако е тоа сон на мнугумина. Македонскиот репрезентативец се врати од позајмица во Шалке и за Штутгарт даде гол во првиот натпевар сезонава во гермаскиот куп. Тоа посочува дека се чувствува добро во сегашната средина, јасно е дека ќе биде во првиот избор во нападот, па постои и логично прашање дали сега му одговара премин во Чемпионшип, односно во вториот англиски натпреварувачки ранг. Од друга страна, медиумите шпекулираат дека Штутгарт бара пет милиони евра за да се откаже од услугите на Чурлинов, а наводно Барнли не е подготвен да плати толкава сума. Како што сега стојат работите, Чурлинов би требало да остане во Бундеслигата и покрај тоа што на фудбалскиот пазар, за разлика од фудбалскиот терен, работите понекогаш се менуваат полесно.

Без оглед што сите велиме дека наша основна борба е да ги задржиме младите дома, во спортска смисла се радуваме кога нечиј талент ќе биде препознаен, а тоа ќе резултира со потпишан договор. 18-годишниот Михаил Талевски ќе биде фудбалер на осиек иако за него беа заинтересирани и Олимпија, Бачка Топола и Чукарички. Талевски е член на македонската репрезентација за играчи до 19 години, а кај нас претходно го носеше дресот на Работнички и на Пелистер од каде што замина за ОсиеК.

Ново работно место има и макеоднскиот репрезентативен голман Ристе Јанков, кој заврши со ангажманот во Казахстан и во новата сезона ќе биде член на Политехника Јаши во втората лига на Романија. 23-годишниот чувар на мрежата до февруари беше меѓу стативите на Работнички, по што реши да гради интернационална кариера. Во Каспиј мина полусезона, а сега се пресели поблиску до дома.