ДУИ во Желино

15.04.2014 23:05

Во своето излагање пред жителите на општина Желино претседателот на ДУИ и носител на листата во шестата изборна единица, Ахмети рече дека е горд што албанците ја разбрале идеата за консензуален претседател.

Покажале дека никому не му работат зад грб, туку отворено ја претставуваат па затоа не се разочаруваат и не го креваат белото знаме туку одат напред до оставрување на идејата.

 Ахмети посочи дека ги разбира политичките елити кои немаат храброст за прогресивни идеи.

„Сите сме во иста држава,  ама треба да признаеме дека живееме во одвоени опшества. Нам како дуи ова  ни пречи. Сакаме оваа земја да биде на сите но и сите да бидат одговорни за процесите што се одвиваат. Веруваме ли ние дека оваа идеа ќе се оствари? Да, бидете сигурно во тоа, бидејќи тоа е идеја за напредок, а не за назадување. Дијалогот и комуникацијата се столбови на демокртаијата за функционирање на државата. Ние сме за дијалог, комрпомиси и помирување, не знам зошто се плашат од нас“, Али Ахмети лидер на ДУИ

Пред присутните се обратија и кандидатите за пратеници од овие населени места како и шефот на изброниот штаб на ДУИ, Абдулаќим Адеми кои ги повикаа да гласаат за ДУИ, бидејќи тоа ќе им обезбеди поголемо политичко влијание на албанците во идната влада.