Град Скопје

Драган Илиевски нов В.Д директор на ЗОО Скопје

03.08.2022 17:45

Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор...

Драган Илиевски е нов В.Д Директор на ЗОО Скопје, информираат од Град Скопје.

Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а има завршено магистерски студии по Економија.

Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот В.Д директор Кристијан Стаменов.