Македонија

На ГП Табановце се чека до 60 минути, на ГП Богородица 30 минути

03.08.2022 19:29

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез...

АМСМ известува дека на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 до 60 минути, а на ГП Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.