Македонија

Русковска бара помош од САД и ЕУ поради притисоци од директорот на Финансиска полиција

04.08.2022 09:05

Русковска вели дека нема да дозволи лице против кое се постапува да и го валка образот, а ќе презентира пред јавноста што е откриено за да се види кој сторил криминал. Очекува од меѓународните институции да преземат мерки, зашто како што вели, ова најмалку доликува на земја-членка на НАТО и земја што почнала преговори за ЕУ, каде владеењето на правото е императив...

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, ги повика Европската унија, амбасадата на САД во земјава и европската обвинителката Ковеси да и помогнат пред, како што вели „притисоците“ од директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми кој е под истрага.

Русковска вели дека нема да дозволи лице против кое се постапува да и го валка образот, а ќе презентира пред јавноста што е откриено за да се види кој сторил криминал. Очекува од меѓународните институции да преземат мерки, зашто како што вели, ова најмалку доликува на земја-членка на НАТО и земја што почнала преговори за ЕУ, каде владеењето на правото е императив! Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија, во земјава не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери, за обвинители да замижуваат пред кој било криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта“, вели Русковска.

Ги повика и домашните институции да реагираат за притисоците лично кон неа и кон Обвинителството за гонење организиран криминал затоа што како што напиша обвинителката „во државата има криминал, но има притисоци тој да не се гони“.

Владиниот функционер, Муареми на брифинг со новинари најави дека на Русковска и на две други обвинителки од обвинителството ќе им поднесе кривични пријави. Посочил дека обвинителите се обидувале да отворат истраги, но, дека не биле завршени, претресот бил незаконски, тенденциозен и со цел да ми попречи во работата и да се заштитат лични интереси, рекол Муареми.

„Никогаш нема две вистини, има само една“, стои во завршницата на обраќањето на Русковска.