Заев на средби со граѓаните на Кисела вода и Аеродром
Претседателот на социјал демократскиот сојуз, Зоран Заев на средби со граѓаните во локалните партиски штабови во општините Аеродром и Кисела вода.
Им се заблагодари за поддршката на симпатизерите и повика на поголема излезеност на 27-ми април.
Рече дека таа борба која што ја водат сите заедно е борба во којашто веруваат и надежта која ги води. Рече дека е зголемен фондот на гласови и има преполовување на разликата од пред една година.
Заев вели дека никој од надвор нема да дојде да ја спаси земјата, туку народот е тука, а социјал демократите се тие што ги крепат и ги храбрат граѓаните. Поддршката ја бараат и од албанците бидејќи ова е и нивна земја.
,,Нашата среќа во оваа наша земја е заедничка, наша Македонија е оваа, заедничка држава, заедно ќе ја градиме нашата среќа, само на тој начин единствени и сплотени ќе функционираме сите, рече лидерот на социјал демократите Зоран Заев. Ние сме тие коишто го имаме историскиот предизвик да охрабриме колку што може повеќе граѓани да излезат да гласаат, без да им кажеме како, да гласаат како душата им сака.
„Сме биле секогаш тука како левичари, како социјал демократи, како опозиција, и овојпат ние сме тие“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Повтори дека кандидатот за претседател од социјал демократскиот сојуз - Стево Пендаровски излезе со чесен пристап и не должи ништо на СДСМ . Ќе биде претседатрел на сите граѓани. Токму затоа и кампањите ги воделе одвоено. Заев порача дека имаат искрени намери, чесен пристап и чесен концепт до крај за да бараат поддршка од граѓаните. Сепак според него најбитно е граѓаните да излезат масовно на изборите.
