Големи воени вежби околу Тајван по посетата на Пелоси
Тајван, за кој Кина смета дека е нејзина територија, рече дека испратил авиони и распоредил ракетни системи за да ги „следат кинеските активности“. Додадоа дека ќе останат будни и дека соодветно ќе реагираат на непријателската ситуација...

Кинески хеликоптери забележани како летаат над морето во близина на тајванскиот теснец пред стартот на досега најголемите воени вежби кои ги најавија кинеските власти по посетата на островот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.
Тајван, за кој Кина смета дека е нејзина територија, рече дека испратил авиони и распоредил ракетни системи за да ги „следат кинеските активности“. Додадоа дека ќе останат будни и дека соодветно ќе реагираат на непријателската ситуација.
Групата седум индустриски развиени земји, ги осуди планираните вежби, велејќи дека „нема оправдување да се користи посетата како изговор за агресивна воена активност во Тајванскиот теснец.
