Обновени судири во Нагорно Карабах, тензиите растат
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ова е одмаздничка операција поради убиство на нивни војник, во како што се наведува „терористички чин на илегални ерменски воени формации“...

Обновени судирите меѓу ерменските и азербејџанските сили во сепаратистичкиот регион Нагорно Карабах. Во нападите на азербејџанските беспилотни летала загинале двајца, а ранети се 14 војници.
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ова е одмаздничка операција поради убиство на нивни војник, во како што се наведува „терористички чин на илегални ерменски воени формации“. Лидерот на Нагорно Карабах, најави делумна воена мобилизација, што дополнително ги подгрева тензиите во регионот.
Ерменија и Азербејџан имаат повеќедецениски спор околу нагорно-Карабах, кој се наоѓа во Азербејџан и е под контрола на етничките ерменски сили поддржани од Ерменија од крајот на војната во 1994 година.
