Свет

Украина: Нови бродови со жито подготвени за заминување

04.08.2022 09:40

Бродовите ќе заминат во согласност со договорениот распоред според меѓународно посредуваниот договор потпишан меѓу Москва и Киев во Турција...

Дополнителни бродови со жито се подготвени да ги напуштат пристаништата во Украина откако во понеделникот исплови првиот брод од пристаништето Одеса од почетокот на руската инвазија. Бродовите ќе заминат во согласност со договорениот распоред според меѓународно посредуваниот договор потпишан меѓу Москва и Киев во Турција.

Се надеваме дека сè ќе успее и Руската Федерација нема да преземе никакви чекори што би ги уништиле овие договори, кои беа постигнати со таква тешкотија со посредство на ОН и Турција“, изјави Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.

Поради руската инвазија 22 милиони тони жито и други земјоделски производи останаа заглавени повеќе од пет месеци во пристаништата на Црното Море.