Здружението на јавни обвинители со реакција по отвореното писмо на Русковска
Според здружението нема причини за ваков драматичен повик, бидејќи Рускоска и другите обвинители од Обвинителството за организиран криминал и корупција ниту во еден момент не биле спречени во водењето истраги во нивна надлежност...

Здружението на јавните обвинители остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Рускоска, упатено преку медиумите до странските амбасади и меѓународни организации во земјава. Со него, се вели во соопштението се нарушува угледот на јавнообвинителската функција и грубо се прекршува етичкиот кодекс на јавните обвинители.
Според здружението нема причини за ваков драматичен повик, бидејќи Рускоска и другите обвинители од Обвинителството за организиран криминал и корупција ниту во еден момент не биле спречени во водењето истраги во нивна надлежност. Сепак, здружението потсетува дека во постапувањето јавните обвинители мора да се водат од начелата на законитост и правичност.
Обвинителите не се семоќни и не смеат да одбиваат контрола над постапките, за да се избегне самоволие и за да се гарантира праведноста, се вели во соопштението на Здружението на македонските обвинители, при што се дополнува и дека нема потреба од надзор од амбасадите или меѓународните организации поради независноста во водењето на предметите.
