Ковид-19

Во Куманово состојбата со ковид позитивни е стабилна

04.08.2022 13:26

Во Куманово сè уште е стабилна состојбата со бројот на новозаболени од Ковид-19. , уверуваат надлежните. Лабораторијата на Центарот за јавно здравје дневно прави по 60-ина тестови. Здравствените лица, но и граѓаните потврдуваат дека во летната сезона и веселбите, се заборави на почитување на мерките...

Стабилна е состојбата со бројот на новозаболени од Ковид-19 во Куманово. Нема драстично покачување на позитивни случаи. Во најголемата општина во земјава, заедно со Старо Нагоричане и Липково, активни на вирусот, според податоците на Министерството за здравство, се двесте лица. Дел од граѓаните очекуваат бројот наскоро да расте. Велат во летната сезона заборавивме на мерките.

Од Центарот за јавно здравје Куманово информираат дека дневно се прават околу 60 тестирања. Претежно се тестираат македонски државјани, преку Мој термин, но и за општата болница. И здравствените работници велат дека состојбата засега е стабилна, но не се знае што ќе донесе есента. Апелираат да се почитуваат мерките на Комисијата за заразни болести.

„Да се внимава, сега има веселби, свадби се собираат луѓето во поголем број, така што да има некоја дистанца да не се собираат и да внимаваат. Овој вирус бргу се шири, некогаш дава симптоми, некогаш не и не знаат луѓето дали го имаат, дали не и да не ги заразат и другите и себе си“, истакна Ариф Љатифи, директор на Центар за јавно здравје Куманово.

Лабораторијата на Центарот за јавно здравје Куманово има капацитет да прави и до 400 тестови дневно.

Елена Георгиевска