Зголемен интересот за вакцинација со четврта доза во Велес
Во велешко има 150 активни случаи на лица со Ковид-19, што го зголеми интересот за вакцинацијата со четврта доза. Освен Фајзер се аплицира и вакцината Модерна. Од пред некој ден, по реакциите на јавноста за лошите услови каде се земеше брис за Ковид-19, отворен е нов пункт во зградата на Хигиенски...

Аплицирањето на четвртата доза вакцина, за заштита од ковид-19, го зголеми интересот за вакцинацијата во Велес. Од минатата седмица во вакциналниот пункт во Здравствен дом, освен вакцината Фајзер се аплицира и Модерна, а за прва и втора доза има мали количини и од кинеската Синовак. Пунктот работи секој работен ден од 8 до 13 ч.
По реакциите на јавноста, за лошите услови каде се вршеше тестирање за позитивни на Ковид-19, во поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, Центарот за јавно здравје заедно со Здравствен дом, отворија сопствен пункт, во зградата на Хигиенски.
Во велешка Болница хоспитализирани се 15 пациенти 12 позитивни на ковид и тројца со здравствени проблеми од вирусот а се негативни. Освен од Велес згрижени се и пациенти од Кавадарци, Неготино, Градско. Изминатата седмица на Инфективно одделение починаа две пациентки позитивни на квоид-19. Во Велешко има околу 150 лица активни случаи со корона вирус.
Петар Печков
