Австрија: Преговори за иранската нуклеарна програма
Првпат од март претставниците на Иран, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија, со учество на САД, во дворецот Кобург разговараат за спас на „агонизирачкиот“ договор од 2015-та што има за цел спречување на Техеран да дојде до нуклеарно оружје...

По неколкумесечен застој во Виена продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма, во обид да се рестартира процесот и да се контролира забрзаниот технолошки развој на Иран.
Првпат од март претставниците на Иран, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија, со учество на САД, во дворецот Кобург разговараат за спас на „агонизирачкиот“ договор од 2015-та што има за цел спречување на Техеран да дојде до нуклеарно оружје.
Пред да отпатува за Виена шефот на иранскиот преговарачки тим, Али Багери, ги повика САД да ја искористат оваа поволна можност и да дејствуваат одговорно.
