Здравство

Расте бројот на деца позитивни на Ковид-19

04.08.2022 14:17

Дваесетина дечиња, позитивни на Ковид, на болничко лекување во „Козле“. Најмалите се новороденчиња, иако нивните мајки не го носат вирусот. Во текот на викендите фрекфенцијата во детската болница Козле е голема. На ден има околу стотина прегледи...

Новороденчиња стари 15 дена се лекуваат од ковид во детската болница „Козле“. Во моментот доминира помалата популација до 2,5 години. Доктор Дацевски, апелира децата од породилиште да се носат дома, да се избегнуваат контакти, бидејќи мајките на хоспитализираните бебиња се негативни. Потсетува дека вирусот е активен, ги напаѓа и децата. Дневно имаат и по педесетина прегледи.

За 24 деца лекарите процениле дека им треба болничко лекување на корона вирусот. Со полесна симптоматологија ги упатуваат на лекување кај нивните матични лекари.

„Еден апел, да не одат сите на лекување во болницата Козле“, апелира д-р Драги Дацевски од детска болница „Козле“.

Во последниот извештај на ИЈЗ беше регистрирано зголемување на бројот на новоинфицирани со Ковид – 19 од 84,8% кај возрасната група од 0-9 години.

Во текот на викендите фрекфенцијата во детската болница Козле е голема. На ден има околу стотина прегледи, во текот на неделата околу педесетина деца доаѓаат на преглед. Понекогаш се случува 90% од нив да имаат Ковид.

Наташа Јанчиќ Менковски