Здравство

Нови 844 случаи на Ковид -19

04.08.2022 14:26

Во последните 24 часа направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на Ковид-19: Скопје – 374, Куманово и Тетово – по 43, Битола – 38, Прилеп – 35, Велес – 33, Кавадарци и Охрид – по 30, Штип – 24, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Струга – 20, Струмица, Неготино и Радовиш – по 19, Кичево, Кочани и Кратово – по 9, Берово – 8, Крива Паланка – 7, Дебар и Валандово – по 5, Ресен и Крушево – по 4, Виница и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Богданци и Македонска Каменица – по 2, Демир Капија – по 1...

Во последните 24 часа направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на Ковид-19: Скопје – 374, Куманово и Тетово – по 43, Битола – 38, Прилеп – 35, Велес – 33, Кавадарци и Охрид – по 30, Штип – 24, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Струга – 20, Струмица, Неготино и Радовиш – по 19, Кичево, Кочани и Кратово – по 9, Берово – 8, Крива Паланка – 7, Дебар и Валандово – по 5, Ресен и Крушево – по 4, Виница и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Богданци и Македонска Каменица – по 2, Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (844), регистрирани се 188 реинфекции.

Регистрирани се 815 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени три починати лица од Скопје (72г, 76 г и 83 г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин се регистрирани три починати лица, од Тетово (85г), Кавадарци (74г) и од Охрид (70г). Две лица се починати во домашни услови и еден во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 05.07. – 30.07.2022 година, соопштуваат од Министерство за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387, а бројот на активни случаи изнесува 4.139.