ДПА во тетовско Слатино
„На избирачките места имињата на гласачите биле читани гласно, за да можат нашите опоненти да ги запишат и да им се закануваат со бркање од работа, со инспекција и полиција за сите што мислат различно од нив“, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи во тетовско Слатино
Застрашувањето на луѓето со различни методи е одлика на ѓаволот и на Ахмети и тоа е доказ на што се е подготвен за да не ја загуби власта. Во неделата, ДУИ се соочи со 40 илјади членови на ДПА, нивните семејста не смееја да излезат на гласање, но затоа на гласањето за парламентарните избори на 27-ми април, ќе освоиме многу повеќе гласови.
За лошиот живот на албанците, за невработенсота, необразованоста, виновен е Али Ахмети“,рече Тачи, затоа, според него, ДПА треба да ја направат најпосакуваната работа, на 27-ми април да ги острани од политичката сцена.
