Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
Во тек е 62 издание на „Охридско лето“. На фетивалските сцени настапуваат над 1.000 уметници од 25 земји ширум светот. Соња Рилковска во живо од Охрид со најновите детали за програмата на годинашното издание.

Списанието за одржлив развој „Лице в лице“ го издаде јубилејното 50-то издание. За мисијата на „Лице в лице“ како улично списание кое 10 години го промовира моделот на социјално претприемништво и кое придонесува за подобра иднина на маргинализираните групи разговараме со Маја Раванска, одговорна уредничка.
Во тек е 62 издание на „Охридско лето“. На фетивалските сцени настапуваат над 1.000 уметници од 25 земји ширум светот. Соња Рилковска во живо од Охрид со најновите детали за програмата на годинашното издание.
Во 1962-ра на 5-ти август во Охрид се одржал првиот светски шампионат во маратонско пливање на слатки води, кој прераснал во една од најголемите спортски манифестации од таков вид во Македонија. Од 1992 година шампионатот бил именуван како Охридски пливачки маратон, една од трките што се бодува за светскиот маратонски куп. За најзначајната пливачка манифестација во земјава која секоја година е место за спортска битка на најдобрите светски маратонски пливачи и пливачки, разговараме со македонскиот маратонски пливач, Томи Стефановски.
Секој петок редовна рубрика „Каде за викенд?“. Ве водиме во Галичник, едно од најубавите планински села, надалеку прочуено по бујните пасишта, прекрасниот кашкавал и бело сирење, како и по извонредните ѕидари и градители. Лежи на падините на Бистра, во срцето на Мијачката област.
„Македонија наутро“ почнува во 06:45.
