МВР

79 санкции за непрописно престигнување

04.08.2022 16:33

Денеска во периодот од 07.00 до 11.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 79 возачи...

Денеска во периодот од 07.00 до 11.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 79 возачи. Од нив, 20 на територијата на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Охрид, 11 на територијата на СВР Штип...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.