АМСМ: Снег на планините, забрана за камиони на неколку патишта

16.04.2014 09:26

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а на планинските превои има остатоци од кашест снег кој останува по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“...

Забрана за тешки товарни возила е воведена од изутринава на планинскиот премин Ѓавато, патниот правец Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар- планински превој Стража-Кичево и Струга-граничен премин Ќафасан. Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патот Охрид - Ресен.
 
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а на планинските превои има остатоци од кашест снег кој останува по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.
 
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
 
Патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. На овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.