Здравство
Комисијата за заразни болести утре ќе ја разгледа актуелната состојба со Ковид-19
04.08.2022 17:08
Најголем број на активни случаи во моментов има во главниот град – 1.749, додека Пехчево и Дојран имаат по еден активен случај.

Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе биде разгледана актуелната епидемиолошка состојба со коронавирусот.
Согласно денешните податоци од Институтот за јавно здравје, направени се 1 890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи со КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. Пријавени се три починати лица од Скопје, во период од 5 до 30 јули, а оздравени се 815 пациенти.
Најголем број на активни случаи во моментов има во главниот град – 1.749, додека Пехчево и Дојран имаат по еден активен случај.
Некои од земјите во регионот веќе почнаа повторно да воведуваат мерки за заштита од Ковид-19.
