Американската кошаркарка Бритни Грајнер во Русија осудена на девет години затвор
Судот ја прогласи обвинетата за виновна за илегално поседување и трговија со значителна количина дрога...

Американската кошаркарка Бритни Грајнер денеска пред рускиот суд во Химки е осудена на девет години затвор поради поседување и шверц на дрога.
Судот ја прогласи обвинетата за виновна за илегално поседување и трговија со значителна количина дрога, изјави судијката Ана Сотникова. Судијката рече дека обвиненијата за поседување и трговија со дрога се докажани на судењето и оти времето поминато во притвор ќе се пресмета во казната на Грајнер.
Грајнер во притвор е од 17 февруари, кога беше приведена на руски аеродром откако властите во нејзиниот багаж пронајдоа помалку од еден грам хашиш-масло. Грајнер, исто така, е казнета и парично, во износ од еден милион рубљи, што е приближно 16.300 долари.
